На аукцијата што ќе се одржи во февруари 2019 година во Париз ќе биде понудено и едно од ремек-делата на предвоената италијанска автомобилска индустрија – „Алфа Ромео 8Ц 2900Б Турнинг Берлинета“ од 1939 година, за која се проценува дека ќе достигне цена од дури 25 милиони долари.

Во добата кога на сцена се уште не стапиле производителите како „Ферари“ и „Ламборџини“, „Алфа Ромео“ бил синоним за елегантни и високоперформансни италијански автомобили кои будат страст за возење и од кои застанува здивот.

Тој модел, оргинално дизајниран со идеја да учествува во автомобилски трки, бил базиран на шасија „Алфа Ромео 8Ц 35 Гранд при“.

Се наведува дека производната верзија користела за погон редовен осмоцилиндричен 2,9-литарски мотор опремен со два компресори.

Верзјата 2900Б, за која станува збор, претрпела одредени промени во однос на оргиналната 2900, со цел автомобилот да биде покомфорен и посигурен, но и понатаму имала завидни перформанси на патот, со многу впечатлива надворешност.

Примерокот што ќе се најде на аукцијата е еден од само петте направени во таа конфигурација, во соработка со италијанскиот производител на каросерии, фирмата „Турнинг“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 23:41