Фудбалерите на Барселона со убедливи 5:1 на домашен терен го совладаа Реал Мадрид.

Популарното „Ел класико“ овојпат се играше без фудбалските ѕвезди на двата клуба Лионел Меси, кој е повреден, и Кристијано Роналдо, кој од мадридскиот клуб летово замина во Јувентус.

Гостите уште во почетокот на натпреварот покажаа слабост во играта и Фелипе Кутињо во 11-та минута донесе водство за Барселона. Во 30-та минута со помош на ВАР – системот беше досуден пенал за домаќините, а го реализираше Луис Суарез за 2:0.

Во почетокот на вториот дел Марсело намали на 2:1, но фудбалерите на Барселона не дозволија изненадување и Суарез постигна уште два гола комплетирајќи хет – трик, а во самиот финиш и Артуро Видал се запиша меѓу стрелците за конечни 5:1.

На ова 177 „Ел класико“ за првпат беше употребен и ВАР – системот



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 23:45