Газдата на Лестер, Вишаја Шриваданапрабха бил во хеликоптерот кој синоќа се урна на паркингот во близина на „Кинг Пауер“ стадионот. Лестер играше 1:1 против Вест Хем, а несреќата се случи по завршување на дуелот.
Стандардна процедура било хеликоптер да слетува на теренот од стадионот, за да го земе газдата Шриваданапрабха и да го однесе до неговиот дом во Лондон. Така било и синоќа, а тоа го потврдуваат и последните направени снимки од хеликоптерот кој полета од центарот на игралиштето на стадионот.
Тајландскиот милијардер го купи Лестер во 2010 година и успеа од него да направи шампионски клуб. Во 2016 година шампионскиот трофеј пристигна во витрините на Лестер, што е најголем успех во клупската историја. Тогаш, Шриваданапрабха ги награди играчите купувајќи 19 БМВ возила вредни по 100.000 фунти.