Патнички авион со 188 патници и членови на екипаж ноќеска се урна во море само неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Џакарта.

Спасувачите пронашле остатоци од „Лион Ер Боинг 737 Макс 8“ во близина на Караванг во провинцијата Западна Јава, на околу 70 километри источно од Џакарта, изјави шефот на националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија, Мухамед Сјауги.

Се верува дека трупот на авионот е на дното на морето на длабочина од околу 35 метри, инфомира тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 09:33