Претседателот на Колумбија Иван Дуке објави дека дополнителни 5.000 војници ќе бидат распоредени во реонот на Кататумбо на границата со Венецуела за борба со шверц на дрога и против илегални вооружени груипи.
Војниците ќе се споротистават на терористи и организирани групи кои сакаат насилства во тој регион, втор по големина по производство на дрога во Колумбија.
Новите сили ќе бидат заедно со 2.000 војници и полицајци мобилизирани во крајот на април за да им помогнат на шест илјади војници кои го обезбедуваат пограничниот регион со Венецуела.
Колумбија и Венецуела имаат заедничка граница од 2.200 км и меѓусебните односи се замрзнати од поранешниот колумбиски претседател Мануел Сантос