Европските држави треба да направат поголеми напори за подобрување на квалитетот на воздухот заради исклучително лошите резултати од влијанието на загаден воздух врз човековото здравје и околината, се наведува во анализа на Европската агенција за заштита на животната средина.

Загадувањето на воздухот е главна причина за предвремена смрт во 41 европска држава меѓу кои и 28 од ЕУ, се нагалсува во анализата.

Околу 420.000 случаи на предвремена смрт во 2015 година се поврзани со загадувањето на воздухот во тие држави.

Загадениот воздух е причина за проблеми со дишењето, срцеви заболувања и рак и го намалуваат животниот век, е посочено во анализата.

Загадениот воздуг нанесува големи штети на екосистемите, почвата, шумите, езерата и реките и ги намалува реколтите, напоменува Европската агенција за заштита на животната средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 09:53