Три палестински деца загинаа во израелски воздушен напад извршен синоќа во близина на источната граница на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

– Екипите на итната медицинска помош пренесоа тела на три деца на возраст помеѓу 12 и 14 години од местото каде што се случи израелскиот воздушен напад, во Газа, изјави портпаролот на Министерството, Ешреф ал Кидра.

Тој додаде дека децата биле префрлени во болница во Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Израелската Армија тврди дека „децата се обидувале да ја оштетат безбедносната ограда и очигледно поставиле експлозивна направа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 11:32