Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран јужно од Аргентина, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри јужно од градот Ушуаја, на архипелагот Огнена Земја, на длабочина од 10 километри