Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред лидерите на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидра за претседател на партијата на изборната конференција во декември, јави ДПА повикувајќи се на партиски извори.
Таа најави и дека по завршувањето на нејзиниот мандат во 2021 година нема да се кандидира за каква било функција во Европската унија.
По објавената вест дека Меркел се повлекува од политичкиот живот забележан е пад на вредноста на еврото на берзите.