Поранешниот лидер на парламентарната група Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска партија Христијанско-социјална унија (ЦСУ) Фридрих Мерц е подготвен да се кандидира за претседател на ЦДУ, јавија германските медиуми повикувајќи се на конзервативни извори.

Наводите за кандидатурата на Мерц уследија по објавувањето дека на изборната конференција во декември германската канцеларка Ангела Меркел нема повторно да се кандидра за претседател на партијата.

Таа најави и дека по завршувањето на нејзиниот мандат во 2021 година нема да се кандидира за каква било функција во Европската унија.

Меркел е на чело на демохристијаните е од 2000 година, а со нејзиното откажување од претседателската функција почнува трката за наследник и на местото германски канцелар.

По објавената вест дека Меркел се повлекува од политичкиот живот на берзите забележан е пад на вредноста на еврото.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 12:53