Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од 3,5 денари до 1,5 денари. Најмногу се намалува Еуросупер БС-98, односно за 3,5 денари, а најмалку дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 73 ден/литар, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71,50 ден/литар, а дизелот по цена од 67,50 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 56,50 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 ден/кг што значи дека тој сега ќе се продава по цена од 37,414 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 13:00