Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека се откажува од лидерското место во конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), дека нема да се кандидира за пратеник во Бундестагот, но оти планира да остане канцелар до завршувањето на мандатот.

– Таа одлука е мој придонес за коалицијата да ги фокусира своите напори на доброто владеење, истакна Меркел по состанокот на нејзината партија во Берлин на кој се разговараше за дебалкот на парламентарните избори во Баварија и во Хесен.

Таа додаде дека ова е нејзин последен мандат како канцелар и нема да се кандидира за Парламентот по завршувањето на мандатот во 2021 година.

– Време е да свртиме нов лист, посочи Меркел на прес конференцијата во седиштетот на ЦДУ во Берлин.

Таа им се обрати на медиумите по вчерашните избори во Хесен, на кои ЦДУ и коалициските партнери претрпеа значителни загуби и покрај победата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 14:43