Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) подготви Предлог протокол за постапување при проценка на ризик за компании апликанти од аспект на поврзаност со носителите на јавни функции и нивно влијание за кој најавува дека ќе организира јавна презентација и дискусија.

Целта на оваа иницијатива, како што информираа денеска од ФИТР, е дополнително зајакнување на кредибилитетот и транспарентноста на процесите на доделување на јавни фондови за сите инструменти на ФИТР.

– Фондот сака да постави системско решение кое ќе се применува при аплицирање за сите инструменти за финансиска поддршка. Целта е да се направи проценка на ризици кај компании апликанти, од аспект на поврзаност со носители на јавни функции и нивно влијание, соопшти ФИТР кој повикува во активностите да се вклучат експертската јавност, бизнис заедницата и медиумите.

Предложениот документ ќе биде достапен за коментари и предлози на пошироката јавност во рок од 15 дена, по што надлежната работна група ќе го изработи завршниот документ кој потоа ќе биде усвоен од страна на ФИТР.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 15:20