Претседателот на САД, Доналд Трамп објави денеска на Твитер дека медиумите кои шират лажни вести се вистински непријател на американскиот народ.
– Голем е гневот во нашата земја, кој делумно е предизвикан од неточни, па дури и погрешно пренесени вести. Медиумите кои ги шират лажните вести, се вистински непријател на народот, мораат да престанат со отворените и очигледните непријателски ставови и точно и чесно да пренесуваат вести. Со тоа, во добра мерка, ќе го стишаат гневот и лутината и тогаш ќе можеме сите страни да ги собереме во мир и хармонија. Лажните вести мора да престанат, порача Трамп.