Повеќе барови во центарот на Рејкјавик изминатиов викенд останаа без пиво, откако ги посетија американски морнари и маринци, кои на Исланд учествуваат во вежбите на НАТО.

Поради навалата на жедните припадници на американските Вооружени сили, многу популарни угостителски локали на Исланд – „пресушиле“.

Речиси 7.000 морнари и маринци учествуваа во вежбите на Исланд, додека во земјата вкупно живеат 340.000 луѓе.

Американските војници претпочитаат локално пиво и притоа сакаат да пробаат домашно, но не одбивале ниту од стандардната понуда на баровите во Рејкјавик.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 20:05