Седум лица се повредени при пукањето во ноќен клуб во американскиот град Риверсајд, Калифорнија. Сите жртви беа примени во болницата.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек. Засега нема извештаи за уапсени поради пукањето.

Според телевизијата Ен-Би-Си, повредените се надвор од животна опасност.

Во моментот, кога се случило пукањето, во клубот имало прослава на Ноќта на вештерките.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 22:59