И покрај големата загуба на регионалните избори во Хесен, во Христијанско- демократската унија (ЦДУ) исходот од изборите го гледаат како успех, со резултатите се задоволни и ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД) и Зелените, додека социјалдемократите (СПД) признаа тежок пораз на партијата и предупредија дека може да има последици врз коалициската Влада во Берлин.
ЦДУ на изборите освои 28 отсто од гласовите, односно 10 отсто помалку во однос на претходните избори пред пет години, а СПД доби 20 отсто што исто така е 10 отсто помалку од претходните избори во Хесен.
Големи добитници се АФД со 12 отсто освоени гласови и Зелените, кои со 19,5 отсто од гласовите остварија најдобар резултат за партијата.
Либералите (слободни демократи – ФДП) освоија 7,5 проценти, а Левица 6,5 отсто од гласовите.