Пентагон може да испрати уште неколку илјади војници на границата со Мексико, кон која се движат мигранти од Централна Америка, кои бегаат од насилството и бедата во земјите, соопшти денеска висок американски претставник.

Според неименуваниот извор, на југозападната американска граница може да бидат испратени 5.000 војници – многу повеќе од 800-те, кои беа најавени минатата недела.

Високиот претставник, меѓутоа, прецизира дека во моментов се врши подготовка и во оваа фаза не е донесена одлука за бројноста на идниот контингент.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 01:58