Кинескиот претседател Си Џинпинг и нареди на Јужната команда на кинеската војска, задолжена за надгледување на просторот на Јужно Кинеско Море и Тајван, да ја процени ситуација и да ги зајакне своите капацитети така што би можела да се избори со каква било вонредна состојба.

– Мораме да ги зголемиме вежбите за борбена готовност, да ги засилиме капацитетите на војниците и да се подготвиме за војна, рече Си во текот на посетата на покраината Гуангдунг.

Си смета дека е неопходно да се зајакне мисијата на Јужната команда и да се фокусира на подготовки за војна.

– Ние сите мораме да ги разгледаме сите сложени ситуации и во согласност со тоа да направиме планови за вонредна состојба, рече Си Џинпинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 02:14