Единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е оштетен за време на поправката, откако потона докот каде се наоѓал, а кран падна врз палубата.

Носачот на авион беше користен за време на воената кампања на Русија во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Авиони изведуваа напади на силите на сириските бунтовници.

Носачот се наоѓаше на еден од најголемите пристаништни базени во светот во близина на Мурманск, близу базата на северната руска флота, а требаше до 2021 година повторно, во целост, да биде оперативен.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 11:45