Советот на Град Скопје денеска ќе одржи две седници.
На дневен ред на третата вонредна седница, закажана во 10:30 часот, се предлог-одлуките за отстапување нафтени деривати на Јавното претпријатие „Македонија пат"- Скопје и општина Кратово.
По завршувањето на третата вонредна седница ќе продолжи 20.седница на која ќе се поставуваат советнички прашања.