Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска информира дека обуката на заедничките турско-американски воени патроли во сирискиот регион Манбиџ завршила и дека тие се подготвени за почеток на мисијата.

– Процесот на обука заврши и заедничките патроли ќе почнат со мисијата денеска или утре, нагласи Акар.

Тој истакна дека по стабилизацијата на состојбата во реонот на Манбиџ, Турција ќе се фокусира врз областите источно од реката Еуфрат.

Турција и САД во јуни договорија план за стабилизација на Манбиџ, со кој се предвидува повлекување на силите на сириските Курди од градот, како и распоредувања на туски и американски војници со задача да се грижат за безбедноста на регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 20:18