Спасувачките екипи денеска ги извлекоа телатата на 21 рудар кои настрадаа во уривањето на рудник во провинцијата Шандонг, на истокот од Кина кое се случи пред повеќе од недела дена.

Последното тело е извлечено во понеделникот попладне.

Повеќе од 300 луѓе работеле во рудникот во моментот на уривањето, на 20 октомври околу 23 часот по локално време. Повеќето се спасени веднаш, но 22 останаа заробени во урнатините. Еден утредента беше спасен, но останатите немаа среќа.

Причината за уривањето се уште се истражува

Кина долго ги држеше црните рекорди во рударски несреќи, но значајно ја подобри безбедноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 23:26