Најмалку 27 шиитски муслимани се убиени во Абуџа, главниот град на Нигерија, од страна на нигериските трупи, соопшти денеска главното шиитско муслиманско движење во Нигерија.

Портпаролот на Исламското движење на Нигерија, Ибрахим Муса изјави дека шестмина шиити се убиени во саботата, а 21 во текот на вчерашниот ден.

Нигериската војска соопшти дека убила шест лица и дека шиитските демонстранти прво пукале кон војниците.

Муса пак изјави дека многу членови на Исламското движење учествувале во верската поворка која се совпаднала со протестот за ослободување на лидерот на движењето Ибрахим Закзакиј, кој е во затвор од декември 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 00:06