Стотици возила од марките „Фиат“ и „Масерати“ беа уништени денеска при пожар на пристаниште во градот Савона во северниот дел на Италија.

Пожарот избувнал како последица на куса врска во електричната инсталација на пристаништето, кое било поплавено по невремето проследено со поројни дождови и силен ветер што вчера зафати повеќе делови на Италија.

Огнот набрзо се проширил во едно складиште каде биле паркирани автомобилите, кои биле наменети за азискиот пазар и чекале на транспорт.

На пожарникарите им требале неколку часа за да го изгаснат пожарот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 00:59