Дваесет и пет лица загинаа откако денеска се урна хеликоптер на авганистанската војска, соопшти Насер Махри, портпарол на гувернерот на покраината Фарах.

Тој појасни дека два воени хеликоптери биле на пат кон соседната покраина Херат, кога едниот од нив изгубил контрола, додавајќи дека временските услови биле лоши.

Од друга страна, портпаролот на талибанците рече дека милитантите го урнале хеликоптерот.

Махри изјави дека хеликоптерот се урнал во 09.30 часот по локално време, а во него, меѓу другите биле и заменикот-командант на западната зона на Авганистан и претседателот на Советот на покраината Фарах.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 09:56