Фирма донирала улични сијалици во Росоман за време на претходната локална самоуправа, а сега од новата бара се платат. Во спротивно, ќе ги демонтира сијалиците. Во изјава за МИА, градоначалникот Бранко Јанев појаснува дека се работи за фирма која донирала сијалици, а општината поседувала и документ испратница, во кој стоело дека локалната самоуправа немала обврска кон донаторот.

– Се работи за околу пет илјади евра. Нема никаков договор за купопродажба на сијалици, дециден е градоначалникот.

Според Атанас Стојанов, советник во Советот на општината, станува збор за валкани игри од минатото и општината не треба да плаќа, доколку нема валидни документи дека е должник.

Неговиот колега Јованче Јошев исто така дава поддршка на градоначалникот во надминување на проблемот, истакнувајќи дека сепак е најдобро да се консултираат и правниците, за општината да не излезе губитник во овој наследен случај.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 10:38