Норвешкиот дипломат Геир Педерсен ќе биде новиот пратеник на ОН за Сирија, соопшти синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Педерсен веќе има неофицијална поддршка од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН- Русија, Кина, САД, Франција и Британија.

-Во донесувањето на оваа одлука разговарав опширно, вклучувајќи ја и Владата на Сирија. Господин Педерсен ќе ја поддржи сириската страна, така што ќе го олесни доаѓањето до инклузивно и кредибилно политичко решение, кое е во согласност со желбите на сирискиот народ, рече Гутереш.

Педерсен ќе го наследи Стафан де Мистура, кој ќе поднесе оставка на крајот на ноември поради семејни причини.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 16:40