Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од утре жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1 март.
Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16:30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16:45 часот.
И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.
Од утре, ќе има измени и во возниот ред на линијата 25, која сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно.
ЈСП соопшти дека се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16:20 и 17:20 часот, односно поаѓањата во 16:40, 17:40 и 18:40 часот од Средно Водно.
И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција. Возењето на линија 25, (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Стара железничка станица – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.