Британски ловци денеска пресретнаа руски борбени авиони во близина на воздушниот простор на Велика Британија, соопшти британското Министерство за одбрана.
– Ловци од типот „Тајфун“ полетаа денеска како првентивна мерка против потенцијално навлегување на еден или повеќе неидентификувани авиони во британската зона на интерес, се наведува во соопштението.
Според Министерството, при инцидентот во ниту еден момент не бил загрозен британскиот воздушен простор.
Велика Британија редовно го следи движењето на руски воени авиони во реоните близу до нејзиниот воздушен простор, а летала на Кралксото воено воздухопловство (РАФ) минатиот месец пресретаа неколку авиони на руската авијација што летаа над Северното Море.
Британскиот министер за вооружените сили Марк Лакнексте во јули годинава ја обвини Русија за се поагресивно однесување во воздушниот простор. Според него, во последната деценија авиони на РАФ над 80 пати биле ангажирани за пресретнување на руски воени летала.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека два руски стратешки бомбардери Ту-160 извршиле редовни летови над неутралните води во Баренцовото и Норвешкото Море.
Во Норвешка денеска почна активната фаза на најголемите воени вежби на НАТО од завршувањето на Студената војна.