Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски очекува да врати половина од долгот на општината кој во моментов изнесува 197 милиони денари или речиси еден општински буџет. Иако, од почетокот на мандатот, како што истакна Трајковски дел од долгот за време на едногодишниот мандат е вратен, сепак општината не е во можност сама да ги врати долговите од минатото.
- Општината со години наназад е со блокирана сметка. Во моментов долгот изнесува 197 милиони евра. Истиот беше повисок, но успеавме да вратиме околу 23 милиони денари. Оттука, најавата за помош од државата е и тоа како добредојдена и ќе ни отвори простор за капитални инвестиции, истакна Трајковски.
Додава дека општина Делчево со оваа помош од централниот буџет ќе може во целост да се подобри финансискиот капацитет на општината со што во 2019 година ќе се реализираат поголем број на проекти кои се прироритет за граѓаните на општина Делчево.
Со ребалансот на буџетот државата планира да издвои 50 милиони евра, пари кои ќе бидат наменети за враќање на дел од долговите на општините.
На пари од државата се надеваат најголемиот дел од општините од Истокот каде од вкупно 11 општини, дури 9 промената на локалната власт минатата година ја дочекаа со блокирани сметки.