Откако советниците нa град Охрид не изгласаа да се исплати помош за нивната сограѓанка Сара Настоска, општина Дебарца им одржа лекција и им покажа како политичарите и локалните функционери треба да работата во интерс на своите граѓани.

На 16 -та седницата на Советот на општина Дебрца, советниците едногласно ја изгласаа предлог одлуката за доделување еднократна парична помош за лекување на Сара Настеска во висина од 100.000 денари, соопштија од општината.

На 15-годишната Сара Настеска од Охрид неодамна и е дијагностицирана Anemia Аplastica. Се работи за болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 00:59