Австралиската манекенка Кејт Вејсли објави видео на Инстаграм, со коешто покажува како со Фотошоп се прави совршена слика за на Инстаграм.

– Сите се споредуваат со други, но честопати тоа не е чесна битка. Инстаграм не е вистински живот, прокоментира Вејсли.

Натаму, таа вели дека не треба да се споредуваме со некој што најверојатно ги споделува само „најубавите моменти од својот живот“, зашто друштвените мрежи служат само за тоа.

Полничката манекенка постојано го промовира тнр. позитивен став за женското тело, поради што досега има речиси 280.000 следачи, а се најде и на насловната страница на престижното списание „Спортс Илустрејтед“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 01:27