Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за „Предизвиците и дилемите во системот на финансирање на надлежностите на општините-редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменски и блок дотации за општините“.

Настананот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, а ќе учествуваат и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за култура Асаф Адеми, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, градоначалници на општини, претставници од министерствата, домашни и странски експерти.

На тркалезната маса ќе бидат презентирани и дискутирани наодите од анализата направена во консултација со надлежните министерства и со општините за начинот на финансирање на надлежностите на општините во областите на основното и средното образование, детските градинки, културата и противпожарната заштита, финансирани со блок дотации од централниот буџет.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 10:13