Во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид денеска и утре ќе се одржува Меѓународна судска работилница на тема „Ефективна иплементација на реформираниот концепт на судскиот совет“, организирана од Здружението на судии на Република Македонија и Амбасадата на САД во соработкa со „CEELI“ Институтот од Прага.
Целта на настанот е да обезбеди форум во кој излагачите и учесниците ќе имаат можност да разговараат за улогата, надлежностите и ефективноста на реформираниот концепт на Судски совет како тело со посебни надлежности за гарантирање и заштита на судската незавиност.
Во тој контекст учесниците ќе зборуваат за клучните прашања поврзани со улогата и надлежностите на Советот, транспарентноста на судовите, улогата на Судско-медиумскиот совет и статусот на судиите, како и позитивните практики и искуства во Европската Унија и регионот на Западен Балкан.
Најавено е присуство на министерката за правда Рената Дескоска.