Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои титулата европски и светски шампион со италијанскиот Интер, односно истата година кога е изграден новиот струмички плоштад.
Граѓаните на Струмица, кои денеска поминува низ плоштадот го осудуваат вандалскиот чин и повикуваат надлежните веднаш да ги откријат сторителите.
И од општина Струмица го осудуваат вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријавиле во полиција.