Фасада од куќа во Кавадарци, вчера била оштетена од непознати лица кои фрлале со јајца, инцидентот за МИА го потврди портпарол на СВР Велес Верољуб Додевски.

– Синоќа во 21 часот во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци, 69 годишниот О.Р. пријавил дека од страна на непознати лица, со јајца било фрлано на предната страна од неговата куќа, со што е предизвикано оштетување на фасадата, рече Додевски. Тој рече дека не може да даде повеќе детали за случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 14:03