Повеќе од еден милион Венецуелци пристигнале во Колумбија во првите девет месеци од 2018 година, а 676.000 заминале за други држави. Тоа го соопштија колумбиските имиграциски власти.

-Од јануари до септември 2018 година над еден милион Венецуелци влегле на колумбиска територија, а 676.000 заминале за трети земји, главно Еквадор, Перу, Чиле, САД и Мексико, се вели во соопштението на службата за миграција

Според податоците, речиси 1,9 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година, бегајќи од економската и политичката криза. Секој ден, околу 5.000 граѓани ја напуштаат земјата, што е најголемата миграција во новата историја на Латинска Америка.

Колумбискиот претседател Иван Дуке изјави на крајот на септември дека пристигнувањето на еден милион венецуелски мигранти може да чини оваа година 0,5 проценти од бруто домашниот производ на Колумбија, што значи околу милијарда и 348 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 16:45