Под мотото „Култ, мит, религија“ во Струмица вечер во хотелот „Сириус“ почнува петтиот меѓународен симпозиум по археологија, во организација на НУ „Завод и Музеј Струмица“.
На симпозиумот учествуваат 21 археолози од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Италија, Германија и Турција.
Симпозиумот почнува вечер, а завршува на 4 овој месец.
За време на одржувањето на симпозиумот учесниците ќе посетат повеќе културно-историски и религиозни објекти во Струмичко.