Од денеска сите заинтересирани жители на Град Скопје можат да аплицираат за субвенции за набавка на печки на пелети.
Градот ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Аплицирањето трае до 30 ноември или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.