Неготинецот Сретен Давидов, кој неодамна го доби државното признание за најдобар млад научник во Македонија, а кој работи во полето на електротехниката, е добитник на највисоката награда „8 Ноември”, што ја доделува неготинската локална самоуправа, по повод Денот на ослободувањето на Неготино.

-Одлуката ја донесоа советниците во Советот на општината. Тие, исто така, одлучија и за добитниците на општински признанија. Постхумно, признание доби Илија Ѓорѓиев, стопанственик, пратеник во Парламентот на Република Македонија, потпретседател на општинското Собрание и истакнат и успешен спортски работник. Признанија добија и Димитар Ѓорѓиев од областа на спортот, д-р Диме Трајковски од областа на здравството, Велика Димова како хуманист и Павлинка Вељановска од областа на културата, информира портпаролот на општината Методи Митрев.

Наградата и признанијата ќе ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на свечената седница на Советот на општината што ќе се одржи во четврток на 8 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 17:37