Сексуалните злоупотреби се толку распространета практика во Северна Кореја, што се „прифатени како дел од нормалниот живот”, тврди „Хјуман рајтс воч” во извештајот за сексуалното насилство во таа азиска држава, што беше објавен во средата вечерта.

Севернокорејски функционери, вклучително и високопоставени партиски членови, затворски службеници, полицајци, обвинители и војници вршат сексуална злоупотреба „без многу загриженост за последиците”, вели организацијата за човекови права.

Стравувајќи од одмазда или јавно дискредитирање, жените ретко пријавуваат злоупотреби и властите ретко ги испитуваат или гонат таквите случаи, вели „Хјуман рајтс воч”.

Невладината организација со седиште во Њујорк интервјуираше 54 Севернокорејци, кои ја напуштиле земјата од 2011 година и осум поранешни севернокорејски официјални претставници.

Уапсените жени не можат да сторат ништо за да го избегнат сексуалното насилство, бидејќи секоја жалба може да доведе до понатамошно казнување, вклучувајќи физичка казна или принудната работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 00:44