Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги треба да биде лоцирано и вратено на неговото семејство за да биде погребан што побргу, изјави денеска претставникот на американскиот Стејт департмент Роберт Паладино.

Турскиот министер за правда, пак, Абдулхамит Ѓул денеска рече дека неговата земја сака саудиските власти да соопштат каде се наоѓа телото на убиениот новинар.

Кашоги беше убиен минатиот месец во саудискиот конзулат во Истанбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 00:47