Рускиот истражувач Сергеј Савицки наводно се обидел да го избоде до смрт својот колега Олег Белогузов на Антарктикот и тоа поради банална причина – овој му кажал како завршува книгата што Савицки ја читал.

Всушност, тоа на Белогузов не му било прв „испад“.

– Постојано предвреме му ги кажуваше (на Савицки) завршетоците од книгите, коментира неименуван извор за „Сан“.

Сето тоа кулминирало на 9 октомври, кога Савицки (55) со нож го нападнал 52-годишниот заварувач, но настанот дури сега е обелоденет.

Повредениот Белогузов потоа итно бил префрлен во најблиската болница во Чиле и е вон животна опасност.

Ова е, официјално, првиот обид за убиство на Антарктикот воопшто во историјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 09:14