Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави нови мејлови од време на претседателската кампања во 2016 година во САД, кои покажуваат дека политичкиот оперативец Роџер Стоун му се претставил на тогашниот шеф на предизборниот тим на Доналд Трамп, Стив Бенон, како инсајдер на Викиликс.

Мејловите покренуваат прашње за истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за мешање на Русија во американските избори – дали Стоун однапред знаел за плановите на Викиликс да објави хакиран материјал штетен за тогашната демократска кандидатка Хилари Клинтон.

Стоун тоа го негира, а мејловите не даваат дефинитивен одговор на тоа прашање, но преписката навестува дека тој сакал Бенон да го види како добро запознат со планови на Викиликс да објави документи што би влијаеле на предизборната кампања, наведуваат американски медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 09:58