Британскиот телекомуникациски оператор „Бритиш Телеком“ извести за раст на добивката од два проценти во првата половина од годината. Тие известија и за повисоки проекции на деловните резултати за цела година откако планот на групацијата почна да дава резултати, соопшти генералниот директор во заминување Гевин Петерсон.

Бритиш Телеком забележа поголеми резултати од очекуваните, благодарејќи на растот на продажбата на скапи смартфони, како и поради намалување на трошоците на работење.

Групацијата соопшти дека остварила прилагодена добивка од основната дејност во првото полугодие од 3,68 милијарди фунти и наведе оти очекува дека заработувачката до крајот на годината ќе изнесува меѓу 7,3 и 7,4 милијарди фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 09:59