Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од 9:30 до 11:30 и потоа од 13:30 до 16:00 часот.

Министерството ги замоли граѓаните во тие временски интервали да не го користат тој пат.

На автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со Македонија, во тек се работите на последната делница, односно на мостот долг над пет километри меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, односно Блаце. Очекувањата се дека тој ќе биде целосно пуштен во употреба до крајот на оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 11:08