Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вработува четворица пилоти, раководител на oдделение за специјализирани услуги со воздухоплови и двајца воздухопловни механичари.
Во денеска објавениот оглас за вработување на неопределено време се пропишани посебните услови и работни компетенции што треба да ги исполнуваат кандидатите. За позицијата раководител на одделение износот на платата е 71.980 денари, пилотите ќе добиваат по 62.342 денари, а воздухопловните механичари по 36.163 денари.
Пријавите за огласот може да се достават во наредните осум дена (15 ) преку архивата на Дирекцијата за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта