Оттаму велат дека со формирање на партиципативното тело, општината им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во урбанистичкото планирање.
– Со овој механизам гарантираме дека случајот „Мајчин дом" никогаш веќе да не се повтори. Граѓаните и правните лица отсега ќе имаат можност активно да учествуваат во процесот на планирање и изготвување плански решенија за општината и да спречат обиди за узурпација на животната средина и носење штетни ДУП-ови од која било власт, наведоа од Општина Аеродром.
Посочуваат дека партиципативното тело ќе биде формирано од девет членови, односно еден од редот на членовите на Советот, двајца по предлог на облиците на месна самоуправа, двајца по предлог на здруженија на граѓани, двајца од здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот и двајца од областа на општинска администрација.
– Новото раководство на Општина Аеродром работи во интерес на граѓаните и ги следи нивните приоритети. Времето на тајно носење детални урбанистички планови и узурпирање на зелените површини во Аеродром помина. Отсега одлуките ќе ги носиме заедно, ќе овозможиме хумано живеење и подобри услови за сите граѓани на Општина Аеродром, порачаа од Општината.