Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е убеден дека до крајот на годината неговиот тим ќе се врати во топ 4. Во моментов „црвените ѓаволи“ го заземаат осмото место во лигата, заостанувајќи пет бода од четвртото место. Тимот утре гостува на Борнемут во натпревар од Премиер лигата.

– Кога си надвор од топ 4, мислам дека не би требало да зборуваш за титулата. Кога си во топ 4, каде верувам дека ќе бидеме, можеш да погледнеш, да видиш какво е растојанието, да ја погледнеш програмата, да ја процениш ситуацијата со повредени и казнети, и тогаш можеш да почувствуваш дали имаш шанси. Во овој момент сме надвор од топ 4, па целта е да се освојат повеќе поени и да се обидеме да бидеме во подобра позиција на крајот на декември, што очекувам да се случи, рече Мурињо, додавајќи дека не размислува за трансфери во моментов.

Португалецот откри дека Алексис Санчез и Џеси Лингард веќе се целосно подготвени за игра и ќе бидат на располагање за дуелот со Борнемут. Антонио Валенсија, Маруан Фелаини и Диого Дало имаат потреба сепак од уште време. Спацијалниот одби да одговори дали Ромелу Лукаку ќе започне како стартер, или ќе остане на клупата за почетокот, како што беше и во дуелот со Евертон.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 13:16